Амнестијата пушти на слобода затвореници без терапија, постои голем ризик

Затворениците кои биле на  метадонска терапија, а ги напуштија затворите со законот за амнестија, остануваат без неопходното лекување откако се на слобода, велат од ХОПС.

- „Постои ризик кон враќање на дрогата и опасност од предозирање. Овие лица биле на терапија, но излегуваат надвор и купуваат дрога од црниот пазар. Може да дојде до предозирање, не знаат колкава им е дозата. И тука е ризикот од рецидив на правење на криминал за да се дојде до сретства за дрога.“ - вели Хајди Штерјова Симоновиќ – НВО ХОПС, пренесе 24вести.

Со законот за амнестија проблемот ескалира, велат од невладините бидејќи само минатата недела десетина лица – зависници  биле ослободени без здравстено осигурување. 

 

 

 

14.02.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа