Бојковски: 100 дена политика од Борис Георгиевски и никаква работа за граѓаните

Поминаа 100 дена од владеењето на градоначалникот Борис Георгиевски. 100 дена политика и никаква работа за граѓаните. Својата неспособност за менаџирање Борис Георгиевски ја спроведе на дневна политика, а на терен за граѓаните едно големо ништо, обвини Тони Бојковски, претседател на Советот на Општина Гази Баба.

„Советот на Општина Гази Баба во кое мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ го изгласа буџетот на Општина Гази Баба и граѓаните со право очекуваат конкретна работа и реализација на ветувањата дадени за изборите а не празни зборови по медиуми. Општина Гази Баба не памети во нејзината историја градоначалник од кабинет да дава политички изјави, граѓаните од 26 населени места очекуваат работа на терен, односно очекуваат реализација на ветувањата со кои им ветуваа дека ќе им донесат живот“, вели Бојковски.

Тој рече дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ не се против изградба на фекална канализација за населеното место Јурумлери, за што, како што рече, говори и фактот што тоа е наш проект и веќе почнат со реализација.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со загриженост ги следи изјавите на градоначалникот Георгиевски и наместо конкретна јавна расправа, тој се служи со паушални изјави“, рече Бојковски.

 

 

 

09.02.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа