Фото: Пукање во училиште во Флорида - ранети повеќе од 20 лица

Во вооружен напад кој се случил во училиште во јужна Флорида ранети се повеќе од 20 лица, пишуваат тамошните медиуми.

-Во овој момент медиумите, повикувајќи се на полицијата, јавуваат дека има 20 повредени - наведува телевизијата „7Њуз“.

На снимка од Син-Ен-Ен се гледа како децата бегаат од училиштетот. Во тек е евакуација.

На лице место има неколку возила на Итна помош. Полиција изведува операција во подрачјето на училиштетот.

 

 

 

14.02.2018 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа