Градоначалникот на Дебар набавил џип од 50 илјади евра неопходен за теренска работа

Џип од моделот „фоклсваген тигуан“ бил набавен од раководството на Општина Дебар, вреден 50.000 евра и истиот ќе биде отплаќан следните пет години, објави Нова ТВ.
Според објавениот договор, Општината го купува возилото со одложено плаќање по пат на финансиски лизинг со учество од 20 отсто, на рок од 60 месеци.

Градоначалникот Ружди Љата изјавил дека набавката на ново возило била потребна поради теренот во Дебар, додека старото службено возило веќе било застарено и несоодветно, дознава Нова ТВ.

„Возилото е набавено со сите законски прописи и неопходно е за општината. Избрано е возилото со најниска понудена цена. Тоа возило нема да го возам јас, туку е за потребите на општината. Знаете каков е теренот во Дебар“, изјавува Љата за Нова ТВ.

 

 

 

14.02.2018 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа