Хит на интернет: Мислите дека може да наидете на цик-цак линии, но размислете уште еднаш

На интернет може да се најдат најразлични интересни оптички илузии, но скоро ниедна не кренала толкава „прашина3“, колку оваа „цик-цак“ илузија.

Оптичката илузија на јапонскиот илузионист и истражувач Кошке Такахаши остави илјадници луѓе замислени додека се сомневаат во своите способности.

opticka-iluzija-na-koja-sekoja-linija-e-ista-ne-veruvate-01.jpg

На прв поглед, веројатно гледате брановидни и цик-цак линии, кои наизменично се менуваат.

Но, што ако ви кажеме дека цик-цак линии не постојат на илустрацијата?

opticka-iluzija-na-koja-sekoja-linija-e-ista-ne-veruvate-02.jpg

Токму затоа оптичката илузија го добила името искривено слепило.

Јапонскиот илузионист објаснува: „Очите може да ви се прелажани заради шемата на бои и нијанси. Тука не постојат цик-цак линии. Вашите очи ги измислуваат закривувањата заради подлогата на која линиите се наоѓаат. Реално, сите линии се брановидни и со идентична големина и форма. Нема триаголници и агли какви што првично видовте.“

Обидете се да се фокусирате на линиите само на една подлога. Пример, подолго време гледајте ги линиите во горниот бел агол. Ќе разберете за што зборуваме.

 

 

 

 

21.01.2018 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа