И покрај американското противење ирачките Курди ќе одржат референдум за независнот

Ирачките Курди ќе го спроведат планот за одржување на референдомот за независност на 25 септември, и порај барањето од страна на САД за негово одложување, изјави денеска претставникот на Ирачките Курди, Хошјар Зебари. 

- Датумот останува, тоа е 25 септември, и тоа нема да се промени, нагласи Зебари, комнтирајќи го барањето на американскиот државен секретар Рекс Тилрсон. 

САД претходно денеска, побара од Ирачките Курди да го одложат одржувањето на референдумот за независност на нивниот автономен курдски регион, што е планирано да се одржи на 25 септември. 

Тилерсон, ова барање го упати вчера преку телефонскиот разговор со претседателот на регионалната Влада на Ирачки Курдистан, Мусад Барзаниј. 

Стејт департментот во јуни изрази загриженост дека референдумот ќе го сврти вниманието од „ургентните приоритети“, како што е пораз на екстремистите од Исламска држава.

САД и други западни земји се загрижени дека тоа гласање би можело да се претвори во уште едно регионално жариште.

Турција, Иран и Сирија, кои заедно со Ирак имаат голем број курдски жители се противат на независноста на Курдистан. 

 

 

 

12.08.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа