Истражување вели: „Чукни во дрво“ навистина помага да се ослободиме од несреќа и баксуз

Чукањето во дрво е вообичаена појава кај нас а со цел е спречување на злото кога се зборува за нешто добро.

Дури и луѓето кои не се суеверни понекогаш чукнуваат во дрво.Во западната култура, против уроци луѓето најчето тропаат во дрво, три пати плукаат или фрлаат сол, а истражувањето покажа дека таа пракса,  може да ја намали веројатноста за несреќа.

Истражување спроведено на Универзитетот во Чикаго покажува дека овој ритуал навистина помага човекот да се ослободи од лошата среќа.
 
Се претпоставува дека ова има врска со потсвеста и тоа дека кога ќе чукнеме, потсвеста ни вели дека лошата среќа ќе не заобиколи.Тие спровеле пет одвоени експерименти во кои ги замолиле учесниците да „ја предизвикаат судбината“, , а потоа да направат некој познат ритуал, или нешто што е сосема неповрзано-на пример, да држат топка.

Откриено е дека лицата кои тропале по дрво, веруваат дека повеќе не им се случуваат баксузи, проклетства или можни несреќи, додека оние кои не го направиле тоа ги мачат црни мисли, па се изјасниле дека сега очекуваат да им се случи нешто лошо.

Научниците заклучиле дека ритуалот за „уништување на баксузлук“ воглавно вклучува движења со кои нешто се испраќа далеку од нас.

 

 

 

13.10.2017 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа