Извршителите бараат нов закон: За долг од 1.000 се плаќа 12.000 денари

Со новите Закони за извршување, извршителите сметаат дека треба да се поедноставни процесот, со цел намалување на трошоците на граѓаните и правните лица. При одредување на тарифата за извршителите, Владата треба да има предвид дека, до пристигнување на предметот за извршување, веќе има 5 акумулирани ставки, главен долг, камата на главниот долг, трошоци за нотар, камата на истите и адвокатски трошоци. Дури на крај доаѓаат трошоците за извршување кои се обременети со разни даночни давачки согласно нашето законодавство.

- Кога зборуваат граѓаните дека за долг од 1000 денари им се наплаќаат 10 000 па дури и 12 000 денари, тоа е вистина, но сите тие средства на завршуваат кај извршителите. Голем дел од нив се акумулирани трошоци-изјави Емилија Павловска, извршител

Со оглед на економска состојба, Министерството за правда треба да изнајде начин како да се намалат трошоците кои ги обременуваат граѓаните и стопанството. Од друга страна, извршителите апелираат до граѓаните за поголема ажурност, односно редовно да се јавуваат на налозите за извршување.

- Голем дел од доверителите имаат акции, со кои ги ослободуваат граѓаните, кој од трошоци, кој од камати на долговите, кој од други побарувања, со што им се олеснува начинот на исплата на нивните долгови, изјави Павловска

Со одлука на Уставниот суд, повеќе не се прави разлика, односно дискриминација, на комунални предмети и предмети за останати побарувања, туку за сите нив се води една иста извршна постапка.

 

 

 

09.01.2018 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа