Камерунскиот фудбалер Битанг е новиот играч на Вардар

Камерунскиот фудбалер Кларенс Жуниор Битанг, е новиот играч кој што се приклучи на подготовките на екипата на Вардар во Анталија.

21-годишниот Битанг во својата кариера има играно за екипи од Камерун, Тајланд и Грција. Настапуваше во Лес Астрес во својата родна земја, потоа во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Бурирам Јунајтед, Чаинат пред да се пресели во Грција и да биде дел најпрво од Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен клуб му бил Унион Дуала. Игра главно на повеќе позиции во средниот ред, а може да игра и како крилен фудбалер, главно на десната страна. Битанг минатата година имаше неколку повици во сениорскиот национален тим на Камерун. 

По враќањето на екипата во Скопје предвидено за утре, ќе следат неопходните медицински прегледи за фудбалерот, и потоа ќе следи потпис на договорот со „црвено-црните“. 

 

 

 

04.02.2018 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа