Коневски: Во иднина продолжуваме со изградба на затворен базен, современ фитнес центар, тениски центар, како и нов зелен парк во Аеродром

Со огромна чест и задоволство ја прифатив кандидатурата за трет мандат. Изминатите осум години можевте да се уверите дека јас сум човек кој секогаш остава реализираните дела  да говорат за мојот успех како градоначалник. Среќен сум и благодарен што имам извонреден тим од луѓе кои кои работат со мене измнативе години. Тим со кој завршивме одлична работа.  Донесовме промени! Реализиравме над петстотини проекти, создадовме основа за усовршување на условите за квалитетен живот. На повеќе од 70.000 жители на општината, млади, стари, работници, бизнисмени им овозможивме општина која ќе функционира како град во градот! Ултра- модерна општина која нуди квалитет во сите области на урбаното живеење – во културата, домувањето, бизнисот, образованието и спортот, вели кандидатот за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ивица Коневски.

-Фокусот во овој моментсакам да го ставам на проектите што ќе ги реализираме наредните четири години.Аеродром е демографски млада општина, а тоа значи дека има многу дечиња, што особено ме радува и сум сигурен дека со проектите кои и во иднина ќе ги сработиме дополнително ќе ги поддржиме виталноста и развојот на општината. Секогашво преден план го ставаме образованието и социјалната грижа за најмладите. Па така, не е изградена само една градинка како што некој ја извртува вистината наочиглед на сите, туку се изградени три,а во наредните четири години ќе изградиме уште пет нови градинки: Во Ново Лисиче за 250 дечиња, нов објект во рамки на градинката “Изворче“ за 250 дечиња, “Црвенкапа“за 250 дечиња, Во Реонски центар “Аеродром“ за 120 деца и во Долно Лисиче за над 100 дечиња. За прв пат во историјата на Аеродром ќе изградиме ново Средно училиште -Гимназија, а ќе ја продолжиме и традицијата за бесплатни униформи за учениците. Не ги забораваме и децата со пречки во развојот. Од буџетот на општината ќе финансираме изградба на Дневен центар, каде децата ќе добијат дополнителна нега,помош и можност за рехабилитација и  напредување, а во исто време, Дневниот центар ќе значи голема потпора за нивните родители, потенцираше Коневски.

 

Тој додава и дека ќе изградат нов зелен парк зад зградата на ФФМ, покрај кејот на Вардар.

-На површина од 10 хектари ќе создадеме нова зелена оазасо голем број садници, пешачки патеки и детски игралишта. Во срцето на Горно Лисиче жителите на нашата општина ќе добијат место за релаксација наменето за сите генерации. Општина Аеродром веќе неколку години ја следи епитетот “спортска престолнина“. И тоа не е случајно, туку плод на интезивна работа, надминување на огромни пречки од минатото и многу вложување во спортот. Само некој што е способен бескомпромисно да лаже ќе рече дека тоа не е така. Овозможивме спортистите да работат во идеални услови, изградивме спортски сали, спортски игралишта за младите, Спортскиот Центар од светска класа – Јане Сандански и Спортскиот Центар – Ново Лисиче. Во иднина продолжуваме со изградба на прв затворен базен со ватерполо димензии, современ фитнес центар во Ново Лисиче, и Спортски Тениски Центар чии модерни услови ќе овозможат за прв пат во нашиот град и нашата држава да се играат АТП турнири. Нашиот Аеродром ќе добие уште едно  место каде ќе доаѓаат светски познати спортски имиња. Тоа ќе го зголеми нашиот углед како спортска општина, и што е најважно, ќе ги мотивираме децата и младите да се посветат на некој од спортовите. Јас сум жител на оваа општина, тука ги растам и моите деца. Предизвиците со кои се соочувате вие и вашите семејства, се истите оние со кои се соочувам јас и моето семејтво. Не сум сигурен дека и мојот политички опонент го живее нашето заедничко секојдневие последниве 30 и нешто години, инаку ќе знаеше дека ние сме првите и единствените кои се зафатија со решавање на најтешките проблеми, за кои инстант решенија не постојат, затоа што доколку постоеа, ние веќе ќе ги имавме рализирано! Не знам кому служи обидот да се намали значењето на изградбата на преубавите паркови, сето тоа зеленило, преку 50.000 нови садници, кои на долг рок ќе донесат огромен бенефит за сите! Срамно и недостоинствено е да се манипулира со граѓаните, наместо да се понудат реални решенија и конкретни проекти, истакна Коневски.

Тој додава и дека нивен приоритет остануваат- чистотата и најголемите инвестиции во зеленило кои општината може да ги сервисира, изградбата на нови и реконструкција на веќе постојните улици, булевари, пешачки и велосипедски патеки. Ќе продолжиме со проектот за обнова на сите дотраени и оштетени фасади. Ова се само дел од проектите и работата што не чека.

-И покрај водењето политика исполнета само со гнев и омраза, празни обвинувања за непостоечки криминали, малограѓански понижувања – СДС се соочува со уште еден изборен неуспех. Мислеа дека ќе се откажеме, ќе ја промениме насоката, ќе го напуштиме својот пат. Оваа борба не направи само посилни, затоа што делата што ги оставаме се бесмртни, делата се резултат на несебично вложување и макотрпна работа! Работа! Секогаш Работа! На 15-ти Октомври, гласајте за бројот 13, и можеби уште поважно, заокружете го бројот 13 и пред Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Др. Виктор Камиловски и дајте им ветар во едрата на новите проекти, на Новата Ера на Аеродром. Затоа што Аеродром мора да оди напред, и тоа никој не може да го запре! Заедно сплотени, за Општина Аеродром, За Скопје, За Македонија! Да сте живи и здрави и заедно да славиме, рече Коневски.

 

 

 

 

12.10.2017 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа