Невработени сте, а знаете да возите - моќна арапска земја бара 10.000 жени возачи

Откако Саудиска Арабија во септември минатата година ја укина забраната на возење автомобили за жените, компаниите за посредување и пружање услуги во патничкиот превоз „Убер“ и „Карим“ одлучиле во таа земја да ангажираат жени.

Жените сепак ќе мора да чекаат до јуни 2018 година кога одлуката ќе стапи на сила.

Компанијата „Карим“ одлучила а ги регрутира жените веднаш откако било најавено укинувањето на забраната и да организира 90 минутна обука во Ријада, Џеди и Хобар. 

Мрежата Си-ен-ен извести дека 80% од корисниците на „Убер“ се жени, а во „Карим“ бројката достигнува 80% од корисниците.

Меѓутоа, „Карим“ компанијата соопшти дека жените таксисти ќе можат да возат само жени и семејства. Тие потврдија дека имаат во план во 2018 година да вработат најмалку 10.000 жени.

 

 

 

12.01.2018 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа