Охридскиот регион нема да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО

Опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО е отстранета по преземените мерки и активности кои се наведени во Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Комитетот за светско наследство.

Извештајот, како што соопшти владината прес-служба, е усвеон на денешната седница. 

Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО, е задолжено во рок од 10 дена да го достави извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

 

 

 

13.02.2018 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа