Останале само со основно образование - колку се образовани познатите пејачи

Нивните песни постојано ги слушате, а дали знаете колку се образовани?

Весна Змијанац освен основно училиште има и диплома за завршен дактилографски курс. Лепа Лукиќ завршила средно земјоделско училиште, исто како и Цеца, а Сека Алексиќ има срдно фризерско училиште.

Помладите пејачи Милица Тодоровиќ и Стеван Анџелковиќ завршиле средно музичко, а Катарина Живковиќ се одлучила за средно медицинско.

Средношколци или вечни студенти се Владо Георгиев и Сергеј Четковиќ, пишува српски Куирр.

За разлика од нив Саша Ковачевиќ дипломирал на академија на уметностите, а Наташа Беквалац завршила виша тренерска школа.

Северина завршила библиотекарски смер во средно училиште, а најголемата ѕвезда Лепа Брена има завршено средно туристичко.

Вечни студенти се Горан Бреговиќ (несуден филолог), Бајага (студент на југословенска книжевност) и Харис Џиновиќ, кој сакал да стане правник.

Со факултети се Здравко Чолиќ, економист, Неда Украден која дипломирала англиски јазик и Александра Ковач која е магистер на филмска музика.

 

 

 

22.11.2017 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа