Престана да се дружи со Цеца па Мира Шкориќ и Карлеуша почнаа јавно да си делат комплименти

Откако Мира Шкориќ ја нарече Карлеуша „пејачиште“ и на нејзина сметка кажа уште неколку пофалби, сега на ред дојде и Карлеуша која не остана рамнодушна на ваквите коментари.

Мира Шкориќ, неодамна ја прогласи Карлеуша за „најголема ѕвезда на Балканот“ и рече дека не е само пејач туку „пејачиште“

- Мира е еден голем пејач, која со години се наоѓаше во средина, и сега се надевам дека оваа емисија (ТЛЗП) ќе и помогне да се врати на музичката сцеа и конечно да го заземе местото кое и припаѓа. Сметам дека пејач како Мира мора да има своја позиција на естрадата- рекла Јелена и додала.

-Таа одсекогаш беше помалку амбициозна, секогаш беше во сенка на некоја нејзина „пријателка„ сега конечно се ослободи од таа сенка и ќе ја видиме Мира во вистинско светло- рекла Карлеуша за „Свет“ алудирајчи на пријателството на Мира со Цеца кое неодамна без никакво објаснување се прекина.

Потсетуваме дека претходно ниту Мира ниту Карлеуша немаа добри зборови, една за друга и секоја прилика ја користеа да се навредуваат.

 

 

 

 

 

 

12.10.2017 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа