Регулаторна одлучува: Нафтата поскапува

Денеска околу пладне Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати. Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи најавува дека од полноќ, најверојатно ќе возиме поскапо гориво.
Последната корекција РКЕ ја направи на 9 јануари, пресметувајќи дека просечната цена на суровата нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон за претходните две недели изнесувала 66,5 долари за барел.
Во текот на последните две недели, цената на нафтата се зголеми, достигнувајќи го максимумот минатиот понеделник кога и ја проби границата од 70 долари за барел, завршувајќи го дневното тргување на ниво од 70,3 долари. Во ниту еден момент во двонеделното тргување цената на „брентот“ не се спушти под нивото од 66,5 долари, а во петокот тргувањето го заврши на ниво од 69,3 долари за барел.

Во вакви услови очекувањата се дека од полноќ ќе продолжи трендот на зголемување на цената на горивата во малопродажба, но покачувањето на цените не треба да биде повисоко од 2 денари за литар. 

 

 

 

22.01.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа