Санторињос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот

 

Продолжуваат преговорите на ниво на министри за надворешни работи, вели заменикот министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос, во однос на средбите во Виена, без притоа да открие дополнителни детали за разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатиите и медијаторот Метју Нимиц.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Санторињос, во интервју за грчката телевизија Скај, ги повтори грчките позиции за сложено ерга омнес име, објаснувајќи дека „не може да го смениш името за севкупна употреба и за во внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот“.

-Нашата позиција е јасна сложено име за севкупна употреба и кога велиме за севкупна употреба мислиме и во внатрешноста на соседната земја. Кога велиме за севкупна употреба, предуслов е промена на Уставот, вели Санторињос и додава дека Атина нема да отстапи од овие позиции.

Заменик министерот за поморство, вели дека е особено важно тоа што Македонија направи промени во имињата на аеродромот и автопатот, што според него е важен чекор и отстапување од иредентизмот. 

 

 

 

13.02.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа