Средбата на Димитров, Коѕијас и Нимиц трае со часови - се интензивираат преговорите

Веќе неколку часа трае состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена, пренесува МИА.

Засега нема информации дали по преговорите министрите и Нимиц ќе дадат изјави или ќе биде објавено соопштение на министерствата за надворешни работи.

Ова е трета рунда од обновените преговори меѓу двете земји за решавање на речиси тридеценискиот спор за името на Македонија.

Преговорите прв пат по обновувањето се водат на ниво на министри за надворешни работи, откако за тоа се договорија премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на средбата во Давос минатиот месец.

Димитров и Коѕијас вчера имаа средба во Виена, на која ги усогласуваа позициите пред денешниот состанок со Нимиц.

Нема информации дали на денешниот состанок ќе се разгледува нацрт-договорот, кој за средината на февруари го најави Коѕијас.

 

 

 

 

 

13.02.2018 - 15:24
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа