Ставре Јада ќе го носи македонското знаме на Олимписките игри во Пјонгчанг

Скијачот во нордиски дисциплини, Ставре Јада ќе го носи македонското знаме на Свеченото отворање на Зимските олимписки игри.

Покрај Јада, Македонија на Олимпијадата во Пјонгчанг ќе ја претставуваат Антонио Ристевски (алпско скијање) и Викторија Тодоровска (крос кантри).

Македонските репрезентативци денеска беа примени од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, кој им даде поддршка и најави подобри услови за натпреварувачите во зимските спортови.

– Ќе се обидеме да издејствуваме подобрување на условите за работа на овие спортисти, поголеми вложувања и подобрена инфраструктура Дури потоа може да се бара подобри резултати. Нашата репрезентација ја има поддршката од МОК. Репрезентативците располагаат со квалитет кој не треба да се потценува. Во среда на средба со државниот врв ќе се обидеме да најдеме решенија за проблемите со кои се соочува спортот кај нас, изјави Тупурковски.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја ќе се одржат од 9 до 25 февруари.

 

 

 

05.02.2018 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа