Страшна несреќа, две возила и автобус се судрија на патот Куманово-Скопје - повредени 14 лица

Најмалку 14 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на клучката на автопатот Куманово - Скопје.

Несреќата се случила вчера попладне пред 18 часот и во неа според првичните информации учествувале џип, автобус и уште едно возило.

- Од повредените 14 лица, десет се од автобусот, а четворица од џипот и се државјани на Албанија. Двајца од нив поради карактерот на повредите се испратени на скопските клиники, а двајца се задржани за понатамошно лекување на одделението за хирургија во Куманово и се надвор од животна опасност, изјави директорот на кумановската болница, Ариф Латифи.

Останатите десет повредени, патници од автобусот, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата извршија обвинител и екипа на СВР Куманово, од каде најавија детални информации во текот на денешниот ден. 

 

 

 

17.07.2017 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа