Темни облаци над Македонија - се спушта студен и влажен бран

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег.

Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.

 

 

 

14.01.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа