Толку од сонцето: Времето се расипа, спремете се за невреме

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, наместа пороен проследен со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. 

 

 

 

17.04.2018 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа