Туск: Историјата на Балканот е подраматична од „Игра на тронови“

 Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск синоќа оцени  дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови. 

- Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија.

Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.

Туск ги изненади ситиа присутни во салата на Народниот театар со тоа што целиот говор му беше на бугарски јазик.

 

 

 

12.01.2018 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа