Украден автомобил во Скопје: Момче од Кочани остана без „Ауди А5“ вредно 30.000 евра

Вчера во 12.00 часот, 26- годишниот А.А од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11 часот и 45 минути на уллица „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

- Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец- стои во соопштението.

На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.12.2017 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа