Уште два дена изборна кампања за локалните избори - еве каде ќе има митинзи

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска низ повеќе градови и населени места ја продолжуваат кампањата за претстојните локални избори на 15 октомври.

Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓани во Кратово и Карбинци, а вечер ќе одржи митинзи во Пробиштип и Штип.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Илинден и Чашка, а вечерните митинзи се закажани во Аердром и Велес.

Демократската унија за интеграција ќе одржи средба со граѓани во Тетово.

Движењето „БЕСА“ пак организира средба со граѓани во Гостивар.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот./

 

 

 

12.10.2017 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа