Ужасна сцена од детски турнир: Бесна мајка тргна со ред да дели шамари, почна од својот син

Една Русинка од Торжок, чие дете во неделата настапувало на џудо турнир во Борович, приредила немила сцена.

Имено, откако  нејзиниот син во борбата паднал, госпоѓата ја оставила камерата со која го снимала настапот и жестоко го истепала детето со шамари. Потоа се судрила со маж кој стоел на страна. Меѓутоа на снимката не се гледа дали тоа бил тренер или родител на друго дете.

Како и да е, тој маж не и остана должен па пред децата и возврати удар, што го натера судијата конечно да се вмеша и да спречи евентуална натамошна тепачка.

Ужасната глетка ја снимил еден татко.

 

 

 

12.10.2017 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа