ВИДЕО: Страшна сообраќајка меѓу камион и воз

Еден нестрплив возач на камион од Русија предизвика несекојдневна сообраќајна несреќа на премин на пруга.

Тој се приближил во моментите кога поминувал воз. Возачот сакал што побрзо да помине па нестрпливо чекал со ногата на гас.

Кога се направил простор позади последниот вагон, возачот додал на гас и тргнал да ја премине пругата. Сепак конструкцијата која била наместена на последниот вагон не му дозволи да помине.

Камионот завршил превртен на страна, а возачот поминал без сериозни повреди.

 

 

 

12.08.2017 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа