Владата си дозволи поголемо задолжување на домашниот пазар

На предлог на Министерство за финансии, Владата денес усвои измена на Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар за 2017 година. Одлуката за задолжување на домашниот пазар е донесена поради тековните поволни услови во споредба со условите на меѓународниот пазар, и поради интересот кај инвеститорите во домашни хартии од вредност.

Како што објави Максфакс, ова практично значи дека Владата си овозможува да се задолжи со поголема сума на домашниот пазар, а тоа, речи си секогаш значи дека во буџетот нема доволно средства за да се финансираат сите расходи

 

 

 

10.10.2017 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа