ВМРО-ДПМНЕ: Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем

Република Македонија го достигна дното. Република Македонија во моментов е единствена земја која има политички затвореници и е рамо до рамо со земјите во кои владеат режими, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата и судскиот систем во дослух едни со други монтираат политички случај и држат во притвор 3 месеци невини патриоти кои гласно говореле против aктуелните политики. Мерката притвор е злоупотребена. Невини глумци, режисери, пратеници, граѓани се држат во притвор во катастрофални услови каде што се изживуваат врз нив. Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем. Наместо да гарантира заштита на Уставот и законите, Судот работи спротивно на нив и во дослух со Владата на СДСМ е најголем и најдиректен виновник за продлабочување на политичката криза, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ никогаш нема да успее да ги замолчи сите кои се критички настроени кон нив.

-Со секој изминат ден на невините патриоти во притвор, Судот го продлабочува јазот помеѓу наелектризираните страни во државата. Реваншизмот и одмаздата кои ни се случуваат во моментов еден ден ќе бидат ревидирани и сите одлуки ќе бидат преиспитани. Затоа, уште веднаш невините патриоти да се пуштат на слобода, порачуваат од партијата.

 

 

 

12.02.2018 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа