Вулнет Ферати кандидат за нов министер за здравство

Неофицијално, Вулнет Ферати е предлог кандидат за нов министер за здравство од Алијансата за Албанците. Ферати е доктор специјалист во Клиничкот центар во Тетово и треба да го замени Арбен Таравари кој стана градоначалник на Гостивар.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села пред два дена изјави дека тие му доставиле предлог на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство.

Долго време се чека за назначување на новиот министер, а во меѓувреме имаше и партиски несогласувања при што ДУИ се изјасни дека нема да го гласа Ферати. 

 

 

 

22.11.2017 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа