Ако возите автомобил на невреме ова мора да го знаете за да избегнете агонија

 

Невреме беснее во Македонија со денови, што не се знае за кој е полошо, за возачите или за пешаците.

Ако возите мотор на невреме не се обидувајте да седнете на него. Доволни се 15 сантиметри вода на патото да ви го однесе моторот, а ако водата е околу 60 сантиметри длабока тогаш воопшто не сметајте на него.

Ако водата допира до гумите на вашиот автомобил, не се обидувајте да го стартувате возилото, бидејќи нема да минете низ водата.

Што треба да направите кога ќе се соочите со поплава?

Првиот совет би бил да се обидете да ја избегнете, но ако не можете тогаш прво треба да се осигурате дека нема повеќе од 15 сантиметри стоечка вода или 10 сантиметри движечка вода. Најдобро би било да паркирате и да проверите колку е длабока водата преку набљудување на другите автомобили и камиони кои се обидуваат да поминат низ водата. Исто така треба да бидете особено внимателни на дупките каде водата би можела да биде подлабока.

Ако се одлучите да поминувате низ водата, останете на највисоката точка од патот и ползете низ водата во прва брзина. Одржувајте го бројот на вртежите на моторот (притискајте го кумплугот) за да не навлезе водата во аусплухот. Исто така не треба да брзате бидејќи со големата брзина водата ќе навлезе во моторот.

Избегнете да возите пребрзо во уште поплитки барички бидејќи може да доведе до лизгање, со што предните гуми нема да можат да го контролираат автомобилот и ќе изгубите контрола. Кога ќе излезете од водата, исушете ги сопирачките, притискајќи нежно на кочницата.

Доколку вашето возило не може да се вози, тогаш најдобро би било да излезете од автомобилот и да се обидете да стигнете на суво.

 

 

 

22.06.2018 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа