Бакојани: Бараме пакет решение што ќе го прифати целата меѓународната заедница

 

 

Решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Боакојани, во интервју за телевизија Скај, јавува дописникот на МИА од Атина.

- Ние сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина. Ова е целта. Бидејќи во овој момент меѓународната заедница ги нарекува Македонија. Ние сакаме едно решение што ќе ја обврзе меѓународната заедница и да ја смени одлуката за билатерално признавање и да ги нарекува со името што нема да биде иреденистичко или со барања од нашата историја, нашиот идентитет или нашата култура, вели Бакојани за Скај.

Во однос на тоа какво би требало да биде решението, таа го повторува ставот на Нова демократија дека не смее во никој случај да има решение во етапи, туку договорот да биде пакет.

- Ако постои страв за нешто, тоа е токму решението да се подели на делови. Односно поделбата на делови на решението може да доведе до тоа, да речеме дека најдовме едно Х име, а потоа останатите работи, иредентизмот, имплементацијата, спектарот, Уставот, итн... да ги оставиме. Ова ќе биде смртна грешка. Драго ми е што слушам дека по нашата силна реакција, барем на ниво на премиерот, во неговата реторика влегоа некои од потребните работи, рече поранешната министерка за надворешни работи, а сега пратеник од Нова демократија.

Бакојани упати критики до грчката Влада, дека не ја информира опозициската партија за текот на разговорите и токму затоа одбегна да ги коментира и последната изјава на македонскиот премиер дека идентитетот не е тема во преговорите и натписите во грчките медиуми за предлогот Горна Македонија како можно решение. Рече дека не може да каже што влегува на преговарачката маса, бидејќи не постои информација, а нејзината партија и таа лично за текот на преговорите се информираат од изјавите Заев.

- Многу е потценувачко, ви кажувам најискрено, и за мене лично, но и за партијата што ја претставувам тука, да дознаваме од господинот Заев за преговорите во скопското прашање, рече Бакојани, пренесува МИА. 

 

 

 

20.02.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа