Беше омилена ѕвезда на Југославија: Почина млада, а тој ден се случило нешто чудно

 

Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на култниот бенд „Нови фосили“ која важеше за една од најомлените на просторот на тогашната Југославија.

Ѓурѓица запишала Средно градежно улилиште, меѓутоа знаела дека музиката е таа со која ќе се занимава.

– Ги спакував куферите и им реков на родителите дека заминувам. Да знаев што ме чека сигурно никогаш не би мрднала од Сплит, открила во едно интервју.

Ѓурѓица се омажила за стоматологот Брацо, со кој добиле два сина Хрвоје и Борн. Пред да одлучи да ја напушти групата, пеела со “стомак до заби“, несакајќи да се откаже од сцената бидејќи музиката била нејзин живот.

Почина како последица на акутен инфаркт во интерна болница во Задар, во 42 година, оставјќи зад себе два сина и сопруг.

– Беше цврста и со стабилно здравје. Затоа ме изненади нејзината прерана смрт. Тој ден кога почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна разбрав за тажната вест, рекол Рајко Дујмиќ.

 

 

 

12.03.2018 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа