Девојчиња се испотепале во дискотека во Скопје

 

19-годишно девојче од Скопје пријавило во полиција дека вчера била истепана од нејзини другарки. А.К. го пријавила случајот во полиција во 17.30 часот.

Според неа истиот ден околу 03,00 часот на улицата “Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб била физички нападната од страна на К.М. и неколку нејзини другарки.

Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.05.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега