Димитров: Нема да му вратам на Дачиќ за изјавата дека е грешка што не признале под уставно име

 

 

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервјуто за белградската ТВ Н1 за време на неговата посета во Белград, изјави дека нема да му врати на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за неговата изјава од минатата недела на прес-конференцијата со Никос Коѕијас, дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.

- Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров. 

Димитров вели дека се работи спорот да се реши во најбрз рок на најдобар начин, и дека имаме доволно свои проблеми па не би сакале штета и на оваа динамика.

 

 

 

 

17.04.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа