Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак денеска да не позајмува пари

ОВЕН

Дружењето што сте го организирале со вашиот партнер може да биде откажано во последен момент. Можеби нема да добиете вистински одговор зашто е тоа така и ќе се запрашате дали тоа значи дека партнерот несака да ве види вас. Ова секако не е случај. Сите знаци покажуваат дека тоа е лоша вест, но не значи дека треба да е драматично.

БИК

Изненаден и неочекуван проблем може да ви се случи дома. Најверојатно во прашање е некој проблем со инсталацијата, телефонот или електричните апарати. Таквата ситуација би можела да ве извади од такт поради времето поминато со сервисери, но мора да се помирите со тоа. Ништо не препуштајте на случајност.

БЛИЗНАЦИ

Премногу комуникација може да ви пречи денес. Можеби телефонот постојано да ви звони или ќе ви изгледа дека сите лиѓе во околината одеднаш зборуаат. Целиот овој хаос може да ви предизвика главоболка ако не го доведете во некој ред. Оставете го телефонот да звони, станете од компјутерот и излезете надвор.

РАК

Изненаден но задолжителен торшок може да направи дупка во вашиот буџет/ Можеби во прашање се некои поправки дома или на колата. Можеби ќе треба да одите на стоматолог. Се ова може да ве извади од рамнотежа, но може да се снајдете ако посветите внимание на деталите. Намалете некои други расходи

ЛАВ

Општо земено, емотивно сте прилично стабилни. Денешните настани веројатно ќе ве исфрлат од колосек. Не е ништо страшно, но мали нешто како што се изгубени клучеви, испуштање на се што ќе ви дојде при рака и голем број на пропуштени повици ќе ви идат на живци. Забавете малку и останете фокусирани.

ДЕВИЦА

Ако сте ги проучувале астрологијата, нумерологијата или која било друга слична дисциплина, концептите што сте ги научиле денес ќе бидат малку збунувачки. Можеби сте збунети од некои идеи кои се предуслови за она што во моментов го правите. Вратете се малку назад и повторно поминете некои од лекциите и се повторно ќе има поента.

ВАГА

Еден ваш близок пријател може да ви побара заем. Во добри односи сте и разбирате низ што поминува вашиот пријател и сакате да му помогнете, но можно е да помине голем временски период пред тој ваш пријател да има можност да ви го врати заемот. Ако веќе сте подготвени да позајмите пари, тоа нека биде долг кој можете да го “прежалите”.

СКОРПИЈА

Некој дел од куќната опрема која многу ја користите, можеби компјутер или некој електричен уред, може да се расипе. Не обидувајте се сами да го поправите, дури и ако мислите дека знаете како. Повикајте сервисер за да ви помогне да го решите проблемот. Ако се обидете сами да го решите проблемот, може да предизвикате дополнителна штета, па затоа избегнете повеќе проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Вие, денес успевате да го премостите јазот помеѓу вашата физичка и духовна страна. Воспоставивте рамнотежа и посветивте подеднакво време на двете страни. Видете се со пријателите и поразговарајте за проблемите кои ве мачат. Нека не ве изненадат решенијата кој ќе ви ги понуди пријателот. Емоциите ви се во значаен пад.

ЈАРЕЦ

Ова би можело да е ден, полн со хаос. Најверојатно ќе се обидете да отидете на премногу места одеднаш. Пријателите ќе сакаат да те видат, но ќе имаш премногу обврски. Можеби ќе треба да ги подредите задачите по нивната важност и да решите по ред. На овој начин, ќе бидете успешни во водењето на овој брз ден.

ВОДОЛИЈА

Денес можете да чуете прилично чудни гласини. Некој погрешно ги протолкувал некои информации и сега тоа поминало во нешто сосема друго. Најдобро е лично да проверите за што се работи пред да донесете некаков заклучок. Не плашете се да го пренесете она што сте го научиле. Подобро е да ги засечете таквите озборувања.

РИБИ

Денес можеби ќе имете некое патување на ум. Тоа може да биде поврзано со работата. Некој требал да отпатува но бил спречен и вие сте го завземале неговото место. Тоа би можело да ви ги наруши малку плановите, но ако се потрудите може да биде вистинска авантура. Најдобро е да ги прифатите работите какви што се.

 

 

 

11.10.2018 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега