Двајца струмичани осомничени за фалсификување исправа

 

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 34-годишниот К.М. и 24-годишниот Р.В. двајцата од село Сачево, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“. 

Како што соопшти МВР, на 27 април, годинава, во 00:10 часот на регионалниот пат Богданци – Дојран, во близина на браната Паљурци, полициски службеници сопреле патничко возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал првопријавениот и кој немал собраќајна дозвола за возилото. Од извршените проверки било утврдено дека бугарските регистарски ознаки биле издадени за друго возило „Рено Клио“ и биле со важност до 23.03.2017 година. Регистарските таблици на К.М. му ги дал второпријавениот Р.В. 

 

 

 

25.05.2018 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа