Еден месец по смртта Авичи не е погребан - семејството објасни зошто

 

Иако помина речиси еден месец од неговата смрт, Авичи, се уште не е погребан. Неговото семејство вчера објави соопштение во кое стои дека погребот ќе биде затворен за јавноста, а новинарите и неговите обожаватели беа замолени да ја почитуваат оваа одлука.

-Последниве неколку дена добивме многу прашања за погребот. Сакаме да ве известиме дека погребот ќе се одржи само со присуство на најблиските пријатели и семејство на Тим, а новинарите и обожавателите ги замолуваме да ја почитуваат оваа одлука, стои во соопштението.

Славниот диџеј Тим Берлинг, уште попознат во јавноста како Авичи, минатиот месец беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман.

Точната причина околу причината за неговата смрт се уште не е позната, иако многу светски медиуми тврдат дека станува збор за самоубиство.

Сепак, неговото семејство не прецизираше за што точно станува збор, туку излегоа со соопштение во кое пишуваше дека 28-годишниот уметник се „борел со своите мисли и не можел да продолжи понатаму“.

 

 

 

23.05.2018 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа