Европратениците ја најавија втората фаза од дијалогот Жан Моне

 

Европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска најавија продолжување на втората фаза од дијалогот Жан Моне. Флекенштајн оцени дека вреди да се продолжи со дијалогот сè додека дава позитивни резултати.

„Овој вид на дијалог беше користен и тестиран во Украина и имаше позитивни резултати. Сега слушаме дека многу држави од Западен Балкан се заинтересирани да се вклучат во оваа активност. Мислам дека треба да продолжиме со дијалогот Жан Моне тука, пред овој процес да се пренесе во други држави, да помогнеме за резултати, да добиеме искуство и да им бидеме од помош на политичките партии тука во Македонија“, рече Кукан.

„Јас навистина чувствувам дека е потребно да го имаме овој дијалог сè додека имаме резултати. Првата средба навистина нè охрабри да продолжиме. Да видиме што ќе ни донесе иднината“, рече европратеникот, Флекенштајн.

Пратеникот од ЛДП, Горан Милевски побара во дијалогот да се вклучат и помалите партии. Дијалогот Жан Моне дојде како потреба за постигнување на политички консензус по двегодишната политичка криза во Македонија.
Анеса Салиху.

 

 

 

20.09.2018 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега