Европски скандал со местење натпревари: Рации, претреси и апсења и во Македонија

Серија на рации во седум држави во Европа, денес го потресоа континентот, откако белгиски обвинители отворија истрага за измами и местење фудбалски натпревари, пренесува Гол.мк.

Спроведени се  57 претреси низ земји во Европа, меѓу кои и во Македонија. Рациите се извршени во Белгија, земја во која прво беа објавени дејствувањата, Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија.

Четириесет и четири рации се извршени во Белгија, а меѓу приведените на информативен разговор се поранешни фудбалери, тренери, судии, новинари, фудбалски работници.

„Голем број лица се лишени од слобода и се преземаат акции за целосно расчитување на случајот“, се вели во соопштението на белгиските обвинители.

Засега нема информации за поврзаност на наши лица или натпревари од нашите натпреварувања со наместени натпревари. Белгиските медиуми го издвојуваат Моги Бајат, поранешен директор на Шарлроа како „мозок“ на проектот. 

Полицијата извршила претрес во клупските простории на сите белгиски гиганти и се „чешлаат“ документи на Андерлехт, Мехелен, Стандард, Гент, Бриж. Генк, Кортријк, Локерен, Остенде...

 

 

 

10.10.2018 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега