Фетаи: „Велики Четврток“ е само датум

 

„Велики Четврток“ е само датум, ослободениот Сејди Рами не се гони, а ќе има нови докази. Ова се дел од измените во обвинителито акт кој Фатиме Фетаи го прочита во полна сала за судскиот случај „Монструм“, во повторениот процес пред Основниот суд, откако Врховниот суд  им ја укина казната доживотен затвор, јавува Телма.

На третообвинетиот Агим Исмаиловиќ му беше најтешко да одговори на детали што правел и каде бил на денот на убиствата кај Смилковскотот езеро, додека Фејзи Азири, пак, даде одгвор на сите прашања при сослушувањето. 

Во салата се слушна и гласот на родителите на момчињата кои побараа од Фејзи Азири да каже со кои политичари имал средби и телефонски разговори. 

Тој не криеше дека служебно разговарал со Али Ахмети, барал средба со тогашниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта, а комуницирал и со Изет Меџити, јавува телма.

 

 

 

 

16.05.2018 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега