Фото: Ова е работникот кој пукаше на улица - добил отказ па тргнал во крвав поход

 

На улицата „Рузвелтова“ во Белград број 55 се слушнало пукање во кое едно лице настрадало, а две се тешко повредени.

Како што пишуваат српските медиуми, Небојша С. (30) добил отказ од работното место пред неколку дена.

Револтиран, дошол во просториите каде што некогаш работел и почнал на пука. Како што велат од МВР, тој испукал неколку куршуми во двајца работници, а третиот скокнал низ прозорец.

Напаѓачот успеал да побегне и се упатил кон својот стан каде што се обидел да се самоубие. Пронајден е во станот со тешки повреди.

Српскиот Курир објави негова фотографија.

 

 

 

12.03.2018 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа