ФОТО: Се преврте патнички автобус - повредените се пренесуваат со хеликоптер

Автобус од непознати причини излета од пат во Германија, а во несреќата има 16 повредени патници, меѓу кои шестмина се со потешки повреди.

Повредените со хеликоптери биле пренесени во болница во германскиот град Росток, во чија близина се случила несреќата.

Несреќата се случила утрово во 6.30 часот, а во автобусот, кој возел преку Копенхаген, имало 63 патници и двајца возачи.

Во несреќата не учествувале други возила и за сега не е позната причината за превртувањето на автобусот.

 

 

 

17.08.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега