Го посвоиле убиецот од Флорида не знаејќи дека ќе убие 17 лица: „Тоа чудовиште живееше под наш кров“

 

Николас Круз кој убил 17 лица во средното училиште на Флорида, неодамна бил посвоен од брачниот пар Кимберли и Џејмс Синди, кои откриле дека не знаеле за какво момче всушност станува збор.

-Тоа чудовиште живееше под наш кров, но не знаевме за неговата мрачна страна. Очигледно сите освен нас биле свесни дека е проблематичен - рекле неговите старатели.

Кимберли по професија е медицинска сестра, а Џејмс воен аналитичар. Кај нив се доселил минатиот ноември, неколку дена откако починала неговата мајка која го посвоила, Линда Круз. Таа го догледувала сама бидејќи нејзиниот сопруг починал кога Николас имал 5 години.

Синди зборувале дека Николас бил исклучително депресивен по смртта на мајката, но дека им се чинело дека со теот на времето станал посреќен. Признале дека му дозволиле дома да чува полуавтоматска пушка АР-15 со која ги убиле соучениците, но дека од неодамна морал да ја чува во сефот од спалната соба.

Познато е дека е голем љубител на орује. Во сефот криел уште неколку пиштоли и ножеви, но велат декаморал да ги извести секогаш кога го отворал сефот.

И покрај тврдењата дека на друштвените мрежи објавувал фотографии од мачени животни, неговите старатели велат дека не забележлае дека Круз е груб кон нивните домашни миленици, двете кучиња и 6 мачки.

Кимбрели открила дека Круз по смртта на неговата мајка одел на психотерапија и дека пет дена пред масакрот биле заедно кај психијатар.

Како што навеле Круз имал чудни навики врзани за храната, па така кришум ставао колачиња во сендвич со гведско и сирење. Исто така, сигурни се дека претходно бил малтретиран од некои силеџии на училиште.

Роднина на неговата почината мајка, рекол дека Круз постојано имал проблеми на училиште и дека неговата мајка се носела со тоа најдобро што можела. Се претпоставува дека нејзината смрт била последната капка што ја прелила чашата и го довело Николас до лудило.

 

 

 

20.02.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа