Голем скандал во кралското семејство - омилениот зет заврши во затвор

 

Зетот на шпанскиот крал, Ињаки Урдангарин, кој е осуден на пет години и десет месеци затвор поради проневера на пари, денеска е префрлен во затвор, соопшти затворската служба.

Сопругот на принцезата Кристина, сестрата на шпанскиот крал Фелипе шести, е префрлен во затворот во Бриеви, околу 100 километри северно од Мадирд.

Урдангарин е прогласен за виновен за проневера и затајување на данок.

Тој е обвинет дека користејќи ја својата титула војвода од Палма, со деловен партнер проневерил околу шест милиони евра јавни средства преку својата непрофитна организација Нос Институт. Една од компаниите кои ги користел била Аизун, претпријатие за трговија со недвижности, чии сопственици се принцезата Кристина и Урдангарин.

Принцезата Кристина е прв член на шпанското кралско семејство против кого е подигнато кривично обвинение од обновувањето на монархијата во 1975 година.

 

 

 

18.06.2018 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега