Гордана скршена од болка: Син ми почина поради Итната помош, што да правам сега без него

 

И понатаму не можам да си објаснам сама на себе како мојот син во базен од метар ипол се удави, а беше спортист без никакви здравствени проблеми. Бил жив кога го извлекле од водата, Брзата помош е виновна за се, што да правам сега без него.

Ова се зборовите на мајката на тинејџерот кој се удави на екскурзија од училиште, Гордана Т. мајка на 17-годишниот А.Т.

Четири дена по трагедијата на скршеното семејство не му е јасно што и како се случило.

- Ми рекоа дека брзата помош била викната ведна, а додека дојде искашлувал вода, отворал очи. Ккао е можно јас од моето живеалиште да стигнам побрзо од нив, вели огорчената Гордана.

Вели дека докторот барал дефибрилатор, а Итната помош стигнала без потребни инструменти.

Децата се скарале со екипата бидејќи не го спасила нивниот другар.

 

 

 

21.07.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа