Грците бараат оставка од Бутарис: "Градоначалникот да го остави името и да се занимава со ѓубрето"

 

Изјавите на Бутарис за преименување на грчкиот аеродром ги збеснаа Грците.

- Предлогот на Бутарис е негов предлог, мислам дека не влегува во плановите на грчката Влада и сметам дека не е предлог што во овој момент би можел да се разгледа, коментира за телевизијата Скај заменик министерот за поморство Нектариос Санторињос.

„Градоначалникот да ги остави дипломатијата и преговорите на дипломатите и да се занимава со неговите надлежности, на пример, со чистење и собирање на ѓубрето во неговиот град“, на Твитер реагираше одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија. 

Членот на опозициската група во општинскиот совет на град Солун, Ставрос Калафатис, побара Бутарис да си поднесе оставка.

 

 

 

13.02.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега