Груевски: За ова раководството на СДСМ крив сум што сум жив

Додека економиите на сите земји во светот растат, Македонија стагнира, обвинува екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во колумна објавена на социјалните мрежи.

„Има периоди, тоа се најчесто 3, 4, 5 или повеќе години кога светската економија расте и особено кога европската економија расте каде оди најголем дел од нашиот извоз и години на економски кризи во светот и во Европа.

Интересно е во овие 27 години независност на Македонија, годините на светски и европски раст на економијата најчесто се поклопуваше со владеењето на СДСМ и нивните мандати и обратно, ВМРО-ДПМНЕ ја имаше таа несреќа и истовремено чест, да ја води Македонија во кризни економски години во светот или Европа. Тоа беше среќна околност за Македонија.

Еве на пример сега. Светската економија расте. Европската економија силно расте. Но, колку треба да имаш промашени економски политики, да секогаш кога светската или европската економија растат, Македонија да е на дното по економски раст. И колку треба умешност и знаење, кога светската и европската економија опаѓаат и кризираат, Македонија да е на самиот врв по висината на економскиот раст во Европа. Сега БДП или поедноставно кажано, економијата во земјите во Европа расте во многу земји и по 4, по 5 па и повеќе проценти, а ние кризираме околу нулата и сме во групата на три земји со најнизок раст.“ – вели Груевски на Facebook.

 

 

 

17.04.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега