Гугл знае што правевте вчера

 

За оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл. Сте чуле за Google search history? Мики, батките од Гугл сосема посветено (со “мала” доза на орвелизам), професионално и вредно ги собираат и чуваат сите наши пребарувања преку Гугл с`рч. За кого и зошто, (ве поздрави Сноуден) подобро и да не знаеме. Јас дојдов до Google search history на неколку наши јавни личности. Има ли вистина во ова, точно е или не, само еден Гугл знае. И тие самите. А што тие имаат во историјата на нивните интернет пребарувања. Знaчи, што најчесто пребаруваат на интернет:

 

Александар Маленко

-Традиционални имиња на машки деца

-алиментација, нов закон – процедура и утврдување на сумата

-онлајн тренинг-како најлесно да ги запамтиш имињата на сите свои деца

-“Marriage and how to stop doing it” for dummies

-таблети за контрацепција за мажи- упатство за употреба

 

Андреј Жерновски

- онлајн забрзан курс по архитектура “Си правел ли некогаш кули од песок? Значи и ти можеш да бидеш архитект”

- инат, можности и практична примена

-Фото, шарени згради и балкони, Тирана, Мумбаи

- поликолор, понуда на широк асортиман на бои, големи количини

-“Top 10 tips & tricks how to stop the baroque” for dummies

 

Саше Политико

- талибанци, фашисти, сталинисти, маоисти, героисти и уште понавредливи термини и пцовки и како најефектно да ги користиш

-најниска цена на млеко во Скопје, маркет и локација

-сам свој адвокат, забрзан онлајн курс по право и правни норми и КЗ на РМ

- сам свој доктор, параноја, шизофренија дијагностицирање и третман

-“First time in prison” for dummies

 

Бранко Героски

-онлајн регистрација на фирми-брзо и ефикасно

-Андроид апликација-Како најлесно да ја пресметаш квадратурата на своите станови

-како од комунистички уредник да станеш капиталистички газда на медиум, план и инструкции

-www.justask.net  - Дали со отворање на десетиот медиум конечно ќе станам добар новинар

-“100 different ways to offend your President” for dummies

 

Ранко Бубамара

-Иос апликација-Како најбрзо и најлесно да ги пресметаш сите Златни бубамари на К 15 и Трендо

- акустика, капацитет и број на седишта на Арена Филип II

- онлајн доктор-Колку најдолго може да издржи човечка бешика

- Иос апликација –Лоцирај ги сите соученици од основно и средно кои не добиле Златна бубамара

-“Learn how to hold a longer and more boring speeches” for dummies

 

Горан Пандев

-држава во која Рафа Бенитез нема работна дозвола

-малер, магии и клетви, како да ги отстранам

-“20 excellent plans how to save yourself from bad luck coach” for dummies

-држава во која сопругата на Рафа Бенитез не сака да живее

-Андроид апликација “Rejecter-best way to reject a call from a National team coach”

 

Билјана Ванковска

- Сам свој тренер, прва лекција –  ”Его и суета, или како да ги зголемам и надградам за да станам подобар професор”

-  www.justask.net - “Денес имав 7 нови лајка на ФБ, дали да се кандидирам за Претседател?”

-“Top 10 Facebook tricks how to ban and block people smarter than yourself” for dummies

- Онлајн семинар – Ароганцијата како последица на несреќното дестство и фрустратциите од истото.

- Popular Psychology – ” You are a looser? Learn how to accept it and live with that”

 

Коце Трајановски

www.justask.net   - Имам уште 943 дена мандат. Уште колку точно барок фасади можам да направам?

- онлајн тренинг – “Како да направиш Ајфелова кула и Статуа на слободата во својот град”

- река Вардар, капацитет и пловност, уште колку мостови и какви бродови може да се изградат

- Иос апликација- “Монументо – најпрецизна евиденција на сите споменици кои си ги изградил”

- ” 101 more things you never dream you can build in baroque” for dummies

 

Секоја сличност со вистината и личностите изнесени овде не е моја вина и немојте мене да ме обвинувате за вашите мали онлајн тајни. Ехеее…само да знае некој јас што се пребатувам. Чекај…па Гугл знае се. Дилит…дилит…shift+delete…shift+delete..

Постот е преземен од Агвантура

 

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

12.03.2014 - 23:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа