Хаос во клубот на Ристовски: Газдата на Спортинг им наредил на хулиганите да ги претепаат фудбалерите

 

Во Спортинг сега следи егзодус, тренерот Жесус сака да си замине, како и поголемиот дел од играчите. Португалските медиуми пишуваат дека упадот на навивачите во тренинг кампот на Спортинг е претходно договорен и дека во тоа им помогнало раководството на клубот. Поточно, не било кој од раководството, туку газдата на клубот.

Во последните неколку дена во Спортинг Лисабон се случуваат низ ужасни работи.

Се тргна од тоа што некои играчи, кои се многу незадоволни во клубот и сакаат што побрзо да заминат откако влегоа во конфликт со претседателот на клубот, контроверзниот Бруно Де Карваљо.

Се кулминираше во вторникот со упадот на хулиганите во тренинг кампот, каде играчите на Спортинг беа претепани. Меѓу играчите на Спортинг е и Македонецот Стефан Ристовски, кој потекнува од школата на Вардар.

Португалскиот весник „Публико“ пишува дека тоа е кривица на претседателот Бруно Де Карваљо. Тоа за весникот го открил извор близок до тренерот на клубот, Жорге Жесус.

Навивачите ги земаа работите во свои раце и физички го нападнаа голманот на нивниот клуб, Руи Патрисио во гаража, откако Спортинг изгуби 2:1 од Маритимо во неделата, пораз што значи дека следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Како што се пишува, Де Карваљо наложил хулиганите да ги натераат играчите на максимален ангажман пред важните натпревари последните месеци и на тој начин да ги преплашат.

Наводно тоа го направил на 6-ти април после поразот од 2:0 од Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на Европа. После тој натпревар Де Карваљо на Фејсбук напиша дека сите играчи кои учествувале во тој пораз се суспендирани.

Навивачите потоа почнуваат да им се закануваат на играчите кои ја сфаќаат ситуацијата. Бараат состанок со претседателот знаејќи дека тој го креира целиот циркус, а тој почнува да прави шоу.

Пред играчите ги им се јавил на водачите на навивачката група и ги прашал да кажат дали тој ги порачал заканувачките пораки. Играчите секако не поверувале во тоа.

Следната недела испаднаа од Атлетико во Лигата на Европа и покрај победата од 1:0, а крајот почна истрага за купување натпревари од страна на Спортинг во текот на минатата сезона.

Се тоа дополнително ги запали навивачите кои влетаа во клупскиот камп и почнале да ги тепаат играчите. Најлошо помина Бас Дост, стрелец на 34 гола за Спортинг оваа година.

Сега следуваат голем број заминувања од клубот, тренерот Жесус сака да замине, како и поголемиот дел од играчите. Медиумите пишуваат дека упадот во кампот е помогнат од управата на клубот.

Хозе Диого Салема кој осум години бил шеф на обезбедувањето на тренинг кампот истакна дека цело време вратата на кампот била затворена кога тимот би имал тренинг, како и дека камери имало насекаде, што овој пат не било случај.

Полицијата се жали дека снимката надзорните камери ја добиле 12 часа откако ги побарала и дека на нив се гледа само заминувањето на навивачите од тренинг кампот.

Додека траел циркусот камерите не работеле. Шефот на обезбедувањето открива дека после нападот добил повик од директор во клубот и му кажал во кампот да пушти автомобил. Со тој автомобил подоцна биле извадени шест водачи на навивачите, кои учествувале во нападот, но не се уапсени.

 

 

 

18.05.2018 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа