Иако грее сонце, не се спасивме од циклонот - вонредна временска најава

До крајот на денов претежно во северните предели, северозападните локално и во западните и југозападните предели но и во Скопскиот регион локално ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за сосема редок град додека навечер и во текот на ноќта кон утрешниот саботен ден ќе настапи стабилизирање на атмосферата, стои во временската на Славчо Поповски.

Утре (сабота) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност додека попладнето локално ќе има умерена облачност а на планинските места има услови за сосема краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Слична ситуација ќе имаме и во недела но со тоа што во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

 

 

17.08.2018 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега